Љубовта може да се покаже на сосема неочекувани начини …
Ве убива идејата што не можете да се сетите кога последен пат ви изјавил љубов. Не очајувајте. Постојат многу различни начини да се изрази љубовта. Тој вели дека ве љуби и кога ќе го смени маслото во вашиот автомобил или ќе ви помогне во домаќинството. Еве и неколку други начини со кои ќе го натерате да ви изрази љубов, без да ви каже ТЕ САКАМ.
1.Ви треба само еден нежен збор
Тоа е типично за жените во сите ситуации, дури и за тривијални работи со користење на зборовите Те сакам. Нешто како: Драги, ми се допаѓа како ти стои оделото. Изгледаш многу секси, те сакам. Звучи познато? Од друга страна, многу мажи не обрнуваат внимание на такви коментари, не сфаќајќи дека овие зборови се всушност вообичаени женски потреби и навики.
Ако сте вознемирени што вашето момче почесто не ви изразува љубов на овој начин, свртете го вниманието кон него, бидејќи сам никогаш нема да сфати. Кажете му на пример, дека ви значи многу кога ќе ви каже колку му значите. Тие ќе ја разберат поентата.
2.Потребна му е помош преку вас
Уморни сте од постојаното чистење на нередот. Вашите зборови треба да звучат како барање, а не како команда. Покажете како неизмерно цените ако тој ја земе правосмукалката во рака и ја избрише прашината од вашите звучници. На крајот ќе му стане навика која секогаш ќе ви биде од корист.
3. Сакате ли подароци?
Еј, тоа е добра работа! Ако сакате цвеќиња или некој неочекуван подарок, користете го јазикот на љубовта и давањето. Како? Кажете му на пример, каков сладок гест и подготвил дечкото на вашата пријателка. И кога следниот пат вашиот партнер ќе ви приреди вакво задоволство, фрлете му се во прегратка и подарете му многу бакнежи. Ваквите реакции ќе го мотивираат да вложи повеќе труд околу она што вас ве исполнува и усреќува.
4. Сакате да ви посветува повеќе време
Ве убива тоа што работи доцна навечер, ја откажува вечерата, и никогаш не се грижи за приоритетната листа? Девојки, целосно ве разбираме! Квалитетното поминато време заедно, многу значи. Свртете го вниманието кон него, со оваа или слична изјава: Колку е секси кога прави планови за двајцата. Оваа сабота е сосема твоја! Испланирај ја, според твој вкус.
5. Потребен ви е физички контакт
Вообичаената приказна за ова е: една личност има континуирана потреба од допири, додека друга не го смета тоа како исклучително важно. Ако сакате повеќе внимание, милување, скокоткање, преземете иницијатива и направете го она што би сакале тој да го направи. Фрлете му се во прегратка веднаш кога ќе го видите. Така ќе му дадете на знаење дека во иднина и тој треба да го стори истото за вас.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Љубовта може да се покаже на сосема неочекувани начини …
Ве уб