Колку често лажете во врската?

Кој вели дека во врската не лаже – тој лаже. Малите лаги кои често ги кажуваме, често не се злонамерни, туку само ни помагаат да избегнеме кавга или полесно да издржиме некоја непријатна ситуација.  Хрватскиот портал “Индекс Хр“ ги  праша своите женски читатели што најчесто преќутуваат, односно колку често и во врска со што ги “лажат“ своите момчиња. Еве што одговорија дел од нив.
Тежина
Ако дечко се осудил да праша колку кила имаш, мора да биде спремен на тоа да не добие искрен одговор“, вели Ивана, 24 години.
Бројот на партнери  
Момчињата мислат дека имаат право да го знаат бројот, а реално нема да бидат задоволни со ниту еден одговор. Јас мојот го намалувам, бидејќи ми е поубаво кога момчето мисли дека сум “добра“ девојка“, Марија, 27 години.
Цени
Лажам кога ме прашуваат колку ги платив чевлите, бидејќи знам дека секоја сума ќе му е превисока. Не му е јасно како можам да имам три пара црни штикли, кога сите се исти (се рабира дека не се), а уште помалку има разбирање за нивните цени, дури ни кога се снижени. Лажам за да избегнам кавга“, вели Ивана 24 години.
Средба со поранешното момче
Понекогаш одам на пиво со “бившиот“, а тоа го преќутувам . Знам дека нема ништо да се случи меѓу нас,  па едноставно велам дека излегувам на кафе со пријателка.  Не ми се расправа околу глупости, а знам дека никогаш нема да го убедам моето момче дека тоа е така“, смета Мирајана, 24 години
Драги, лазањите ти се “топ“
Мојот дечко ужасно готви, но е многу горд на своите лазањи, што едноставно немам срце да му кажам дека не чинат. Затоа избегнувам кавги од овој тип, му кажувам дека се многу вкусни, а него тоа многу му значи“, смета Теа, 29 години.
Злато ти и си “најдобриот“
За да се чувствува добро, понекогаш знам да претерам со комплиментите. Супер е во кревет, но нему големината му е многу важен фактор, па само му го потврдувам она што тој го мисли за себе. Кога би му ја кажала вистината, ефектот би бил разочарувачки, па подобро е да ќутам“, вели  Сандра, 25 години.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24. 
 Кој вели дека во врската не лаже – тој лаже. Малите лаги кои често ги кажуваме, често не се злонамерни, туку сам

Пронајдете не на следниве мрежи: