Секс – непријатни прашања и одговори

Колку долго треба да трае женскиот оргазам? Како да му кажете на партнерот дека е лош во кревет? 

Многумина се прашуваат, а се срамат да разговараат на оваа тема. Сепак, разговорот е единствен пат до подобар секс. Еве неколку одговори на највообичаените и најнепријатни прашања.

Како да му кажете на вашиот партнер дека е лош во кревет?

Многу внимателно, со чувство и тактика. Охрабрете го кога ќе направи нешто што вам ви одгвара, а доколку направи нешто спротивно на ова, нежно ставете му до знаење што точно сакате во кревет.

Колку често би требало да водите љубов?

Нема конкретен одговор на ова прашање. Секој има различни потреби и сексуални желби. Некои сакаат секс два пати на ден, а некои се задоволуваат и ако водат љубов еднаш неделно.

Дали е во ред да водиме љубов под вода?

Одоговорот е едноставен – да. Мажот би требало да стави презерватив пред да влезе во базен. Се препорачува да користите лубрикант ако водите љубов во море, бидејќи не значи дека жената е доволно влажна ако е во вода.

Пенисот на мојот партнер не е доволно голем, дали големината е навистина важна?

Од величината многу поважно е што и како го прави тоа вашиот партнер. Ако жената смета дека пенисот на нејзиниот партнер е мал, може би требало да проба некои други пози од оние што најчесто ги практикуваат.

Колку долго трае женскиот оргазам?

Во просек женскиот оргазам трае измеѓу 4 и 15 секунди. Повеќекратниот оргазам се јавува на секои 0.8 секунди, а просечниот оргазам вклучува 3 до 5 контракции. Интензивниот оргазам има од 10 до 15.

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: