Неочекувано силен раст на прометот во германската малопродажба

Прометот во германската малопродажба во ноември пораснал повеќе од очекувањата благодарение на ниската невработеност која ја поттикнува потрошувачката, покажаа во официјалните податоци објавени во петокот.

Прометот во малопродажбата во ноември се зголемил за 1,2 отсто во однос на октомври, според ценовно, сезонски и календарски прилагодените податоци, објави Destatis.
Аналитичарите кои ги анкетираше Dow Jones Newswires очекуваа поскромен раст за 0,98 отсто, откако во октомври беше забележа пад од 1,3 отсто.
На годишно ниво прометот во ноември се намалил за 0,9 отсто, покажуваат привремените податоци.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: