Повеќе од 1.000 работници на една тајванска компанија во Кина која произведува делови за американски Епл, стапиле во штрајк, соопшти во сабота организацијата за заштита на правата на работниците.
Вработените во фабриката на тајванската компанија Фокскон во Џенгџо, во централна Кина, стапиле во штрајк кога управата на компанијата решила да го зголеми квалитетот на производите и побара од вработените да работат и за време на слободните денови по повод кинескиот национален празник.
Како што се наведува во соопштението на кинеската организација за заштита на правата на работниците, чие седиште е во Њујорк, работниците на Фокскон „трпат голем притисок“.
Меѓу 3.000 и 4.000 вработени стапија во штрајк, се додава од истите извори, но не се наведува колку вкупно работници има во компанијата.
Во фабриките на Фокскон во Кина во последните години се забележани повеќе самоубиства. Минатиот месец во една фабрика избувна тепачка меѓу чуварите и вработените.
Официјални претставници на Фокскон, кој произведува делови за Ајфон 5, не се огласија во врска со оваа информација.
Пекинг, 06.10.2012. (Макфакс)
Пронајдете не на следниве мрежи: