ЕУ подготвена да и помогне на Шпанија да се справи со кризата

Европските власти „се подготвени да реагираат“ доколку Шпанија побара финансиска помош, изјави денеска еврокомесарот за економија и финансии Оли Рен, во време кога финансиските пазари сметаат дека е прашање на ден кога Мадрид ќе ја побара таквата помош, пренесува Танјуг.

Во време кога е се поголема веројатноста четвртата по големина економија во еврозоната да побара помош, Рен наведе дека Брисел е подготвен да помогне, пренесоа француските меидуми.

-Европската комисија е подготвена да реагира доколку дојде до барање, рече Рен на прес конференција во Мадрид, по средбата со шпанскиот премиер Маријано Рахој и министерот за економија Луис де Гиндос.

Засега, меѓутоа, „нема барање од Шпанија“ нагласи еврокомесарот, додавајќи дека ЕК ги има на располагање „сите неопходни инструменти во случај било која членка на еврозоната да побара помош“.

Шпанија минатата недела го претстави рестриктивниот, односно штедлив буџет за 2013 година и објави пониска бројка од очекуваната за спас на банките.

-Шпанските власти се тие што одлучуваат. Изборите ќе бидат само потешки доколку се одлагаат. За да се поврати оддржливоста на јавните финансии потребно е да се обезбеди оддржливост на пензискиот фонд. Тоа е главниот предизвик пред Шпанија, предупреди Рен.

Пронајдете не на следниве мрежи: