Британскиот принц Хари и неговата свршеница Меган Меркл ќе се венчаат на 19 мај идната година, потврдија официјално од кралското семејство.Она што за многумина е интересно е тоа што парот ќе се венча на годишнината од погубувањето на втората жена на англискиот крал Хенри VIII.
Имено на 19 мај 1536 се одбележува годишнината од отсекувањето на главата на кралицата Ана Болен втората сопруга на кралот Хенри.
Освен по овој чин кралот е познат и по откажувањето од римокатоличката вера и имањето на шест жени се со цел да добие машко дете.
Инаку парот датумот го објави во јавноста минатиот месец, а церемонијата ќе се одржи во капелата Свети Ѓоргија во замокот во Виндзор.
Целиот трошок ќе го плати кралското семејство, вклучувајќи ја и музиката, пиењето и поканата на гостите.
Принцот Хари е петтиот по ред во линија за наследство на британскиот престол, а со американската актерка се запозна минатата година.Она што за многумина е интересно е тоа што парот ќе се венча на годишнината од погубувањето на втората жена на англискиот крал Хенри VIII.



