Кантри ѕвездата Блејк Шелтон е прогласен за најсекси маж на планетава за 2017-та година според изборот на магазинот „Пипл“.Кога слушнал за признанието, реакцијата на Шелтон, кој не обожава да е во центар на внимание, била: „Мора да ви снемало луѓе“.
Но, како што изјавил 41-годишниот пејач за „Пипл“, неговата партнерка Гвен Стефани била таа што го разубедила дека треба да биде горд на признанието.
– Таа ми рече: „Слушај ме, ќе жалиш до крајот на својот живот ако не го прифатиш овој подарок и едноставно не уживаш во моментот“ – раскажал Шелтон.
„Пипл“ бележи дека, без разлика колку и да е популарен меѓу обожавателките, Шелтон, чиј најнов албум насловен „Texoma Shore“ се најде на прво место на „Билборд“, тврдел дека имал неколку чудни фази додека растел.
– Кога би требало да се опишам себе си како дете, еден збор ми паѓа на памет, а тоа е „дебел“. И денес се уште сум дебел – рекол пејачот.
Тој додал дека се обидува да биде во форма со вежбање и со тоа што се храни здраво колку може, иако, како што вели „паѓа на храна и чипс“.
Кога слушнал за признанието, реакцијата на Шелтон, кој не обожава да е во центар на внимание, била: „Мора да ви снемало луѓе“.
Пронајдете не на следниве мрежи: