Шокантен потег на семејството на Шумахер: Објавиле фотографии…

Фановите на Михаел Шумахер повеќе не го кријат своето огорчување поради постапките на неговото семејство кое не сака да открие каква е здравствената состојба на седумкратниот првакНа службената Фејсбук страница на великанот на Формула 1 се објавени фотографии од Михаел со каубојски шешир и кожна јакна кои се снимени во 2013. година за магазинот GQ од страна на фотографот Филип Милер.Тоа се случило пред трката во Остин (славел Хамилтон) во Тексас каде семејството на Шумахер некогаш имало ранч.
Објавата на тие фотографии предизвикало носталгија кај фановите, но и лути коментари кон семејството кое ја чува приватност на Михаел, откако тој тешко настрадал во скијашката несреќа кон крајот на декември 2013. година.

 
„Отсекогаш сум го сакал Михаел Шумахер и многу сум тажен што не знам како е денес“ напишал еден фан.„Без оглед дали страда или не, тоа е голема агонија, а ние имаме право да знаеме“ порачал друг.„Не го разбирам семејството кое поставува такви фотографии, но ништо за состојбата на спортистот“ додал трет.
„Фановите мораат да бидат информирани како му е. Тој е лице од јавен интерес и има многу обожаватели“ појаснил некој во коментар.
Секако, ги имало и оние кои го поддржувале семејството и сметаат дека има потполно право да ја чува приватноста на Михаел Шумахер.На службената Фејсбук страница на великанот на Формула 1 се објавени фотографии од Михаел со каубојски шешир и кожна јакна кои се снимени во 2013.

Пронајдете не на следниве мрежи: