Ивана Трамп, која беше во брак со Доналд Трамп од 1977 до 1992 година, изјавила како еден ден од декември во 1989 година знаела дека нивниот брак е завршен. Во новата книга на Ивана Трамп, поранешната сопруга на претседателот на САД открила детали околу нивниот заеднички живот и разводот.Ивана и Доналд биле заедно од 1977 до 1992 година. Во книгата “Одгледувањето на Трамп” пишува како еден декемвриски ден сфатила дека нејзиниот брак со Доналд е готов.
“Ми пријде една русокоса и ми рече: “Јас сум Марла и го сакам твојот сопруг. Дали ти го сакаш?”
“Губи се. Го сакам својот сопруг. Не се оденсував како дама, но после тие зборови на русокосата останав шокирана”, пишува Ивана во својата нова книга.
Најпознатиот наслов “Најдобриот секс кој некогаш сум го имал” произлегол од јавната афера на Доналд Трамп и Марла Мејплс во 1990 година.
Откако се разведил од Ивана, Доналд се венчал со Мејплс во 1993 година. Поранешната сопруга на Трамп во книгата се сеќава на “лудото” време кога не можела да го приклуче телевизорот, а да не го слушнела нејзиното име.
Во поголемиот дел од книгата, Ивана се потсетува на нејзиното растење во Европа и почетокот на манакенската кариера во Њујорк. Го опишала и денот кога за прв пат се запознала со Доналд Трамп, кој според нејзиното пишување, неа и нејзините пријателки им обезбедил маса во најлуксузниот ресторан во Менхетен, ја платил сметката и со “кадилак” наредил да ја вратат во хотелот.
“Мојот инстинкт ми велеше дека Доналд е паметен и духовит”, пишува Ивана.Ивана и Доналд биле заедно од 1977 до 1992 година. Во книгата “Одгледувањето на Трамп” пишува како еден декемвриски ден сфатила дека нејзиниот брак