Речиси секој викенд од ова лето се случуваат свадби на познатите Македонци, што на пејачи, актери, дизајнери… а оваа сабота (02.09) дојде редот и за свадбата на пејачката Сара Мејс и водителот Димитар Атанасовски.Минатото лето во месец август на плажа во Стомио, Грција, Димитар ја запроси својата сакана, а една година подоцна на истиот датум си го дадоа својот збор и пред Бога.
Иако тогаш не веруваше дека навистина и се случува тој момент во животот, Сара ја прослави моминската, исто така на грчка плажа, а пак Диме последната вечер со момците ја остави за својот роденден – ден пред свадбата.
Понесени од убави чувства на љубов и среќа го дочекаа и големиот ден, а младоженецот го заобиколи клишето и отиде по невестата качен на мотор, а пак таа го дочека во уникатно невестинско издание кое го најави и претходно во медиумите.
Имено, невестата се одлучи за изглед како ниедна друга, различна, помалку екцентрична како и секогаш, истакнувајќи го сопствениот стилски печат.
Тесната венаница со впечатливи транспарентни делови, ја истакна нејзината линија, а пак предолгата коса допринесе за ултра впечатлив ефект.
Минатото лето во месец август на плажа во Стомио, Грција, Димитар ја запроси својата сакана, а една година подоцна на истиот датум си го дадо