Кои се најплатените личности за 2017?

Минатата година Тејлор Свифт ја предводеше армијата со најплатени славни личности според Forbes.Оваа година на првата позиција на ранг листата на Форбс на најбогати славни личности е американскиот рапер Пи Диди или Шон Комбс кој од јуни 2016 до јуни 2017 заработил околу 130 милиони долари благодарејќи и на последната турнеја „ Bad Boy Family Reunion”, но и на линијата на облека и рекламниот договор со познат производител на вотка.
На листата на познатиот магазин во категоријата најбогата „селебрити“ личност се земени во предвид најуспешните музичари, автори, спортисти….
 

Светската музичка ѕвезда Бијонсе со заработка од 105 милиони долари е на второто место на листата на Форбс, нејзиниот сопруг , продуцентот Џеј Зи со 42 милиони долари е на 55 позиција.
 

Британската писателка Ј.К. Роулинг е трета на листата со заработка од 95 милиони долари, благодарејќи им на новата успешна приказна „Хари Потер и проклетото дете “ и филмот „Фантастични ѕверки“.
Меѓу спортистите најплатен е фудбалерот на Реал Мадрид Кристијано Роналдо со 93 милиони долари, асот на кралевите на листата на Форбс е на петата позиција. НБА ѕвездата Леброн Џејмс со 86 милини е на десеттото место.
 

Во Топ десетте најбогати славни личности се  и раперот Дрејк на 4 позиција со 94 милини, бендот „ The Weeknd“ со 92 мил. е на шестата позиција, Хауард Штерн е  седми со 90 милиони долари, групата „Колдплеј “ со 88 милини е на осмото место , пред Џемјс Патерсон кој со заработка од 87 милиони долари во последните 365 дена на деветата позиција.Оваа година на првата позиција на ранг листата на Форбс на најбогати славни личности е американскиот рапер Пи Диди

Пронајдете не на следниве мрежи: