Фолкерот се најде на мета на критики поради тоа што сними кадри со својата 19- годишна ќерка.Фолк Пејачот Милан Топалковиќ – Топалки неодамна објави нов музички спот во кој главна улога има неговата 19-годишна ќерка Хелена Топалковиќ што шокираше голем број негови фанови. Тие останале згрозени кога го виделе спотот во кој Топалко со поглед ја скенира својата ќерка Хелена, додека ги пее провокативните стихови на песната „Љубовна терапија“ па на сметка на ова видео му упатија низа негативни критики.
– Зарем не е дегутантно да се појавува ќерка му во спотот со ваква конотација? Можел да направи некоја приказна за дечко и девојка, да земе некое момче да биде љубовен пар со Хелена, а тој да пее во позадина, но не вака, за мене ова е без врска и дегутантно. Песната како песна е ок – гласи еден од коментарите за спотот.
Ваквиот негов гест многумина го искарактеризираа како инцест, но пејачот го даде следниот одговор:
– Немам никаков коментар за таа приказна. Јас само си ја работам работата онака како што мислам дека треба. Секој има право да мисли што сака и да се изјасни, тоа е слобода на говор. Можеби вакви работи ме погодуваа на почетокот од мојата кариера, но одамна веќе тоа не ме засега. Кога би ме ранеле со леб, тогаш ќе ме засега и тоа за што зборуваат. Кога постојат луѓе кои плукаат по Новак Ѓоковиќ, жив светец кој оди по земја, зошто тогаш мене би ме поштедиле? – вели Топалко споредувајќи се со светскиот шампион.
Тој истакнува дека му е драго што со спотот привлекол внимание и дека многу очекува од новата песна. Пејачот открива дека лично тој стои зад екранизација на песната.
Спотот погледнете го во продолжение, па кажете ни дали и за вас ова потсетува на инцест?
Фолк Пејачот Милан Топалковиќ – Топалки неодамна објави нов музички спот во кој главна улога има неговата 19-годишна ќерка Хелена Топалковиќ



