Маки мачи со него: Постариот брат на Мадона е бездомник и алкохоличар

Мартин Чиконе, постариот брат на поп-ѕвездата Мадона, е фатен како во утринските часови пие на скалите на една срушена куќа во Лос Анџелес.Мартин, по долгогодишната зависност од алкохол, во последните неколку години беше трезен, но се чини дека повторно посегна по алкохолот. Неговите пријатели откриваат дека се плашеле од тоа, а сега ја преколнуваат неговата богата сестра да му помогне.
Се чини дека Мартин не може и не сака да престане да пие. Многу е жално, изјавува загрижениот пријател.
Братот на Мадона се ослонува на добродушноста и помошта на луѓето на улица, а се тргнало наопаку кога ја изгубил работата.
-Сите ме оставија кога имав тешка фаза во животот. Стотици пати сум одговарал на прашањето како тоа сестра ми е мултимилионерка, а јас сум на улица. Но, никогаш не вели никогаш. Ова може да му се случи секому. Немам приоди и собирам шишиња, работам секаква работа, изјави Мартин пред некоја година.
Инаку, познатата пејачна одамна ги прекина односите со својот брат, а нејзиниот друг брат, кој е помал и се вика Кристофер, во 2008 година напиша книга за Мадона во која ја опишува како „егоцентрична и манипулативна кучка“.Мартин, по долгогодишната зависност од алкохол, во последните неколку години беше трезен, но се чини дека повторно посегна по алкохолот. Неговите п

Пронајдете не на следниве мрежи: