Пред две години на натпреварот (Word Next Top Model) во Бејрут младата Дијана Милојковиќ (28) освои дури две престижни титули: Мис Европа и Мис на спортот. Потоа се омажи и го промени презимето во Кариќ.Сè во тој момент делувало како за успешна кариера на модел, за набрзо да пристигне страшната дијагноза.
Дијана одлучила својата болест да не ја крие, туку токму спротивното: за ужасите низ коишто поминала проговорила јавно, на својот блог, на кој ќе пишува за борбата со карциномот.
„Борбата засега е успешна, знам дека кај нас слабо се зборува за тоа, па затоа сакам своите искуства да ги споделам со вас. Со задоволство ќе одговарам на сите прашања и ниту една тема нема да ја заобиколам“, најавила Дијана во видеото.
„Минатата година ми беше востановена дијагноза на агресивен карцином на матката, а само неколку месеци потоа и метастази на лимфните жлезди – во абдоменот и во вратот. Иако моите прогнози беа застрашувачки, ниту во еден момент не се жалев себеси ниту страдав над својата судбина. Верував во себе и знаев дека ќе излезам како победник! Првиот живот го живеев цели 27 години пред да откријам дека имам карцином и вториот живот го живеам сега, многу посилна, малку посебична и најсигурна во себе“, напишала Дијана.
Најголема поддршка во борбата на оваа храбра жена е нејзиниот сопруг Стефан, која и сам ја избричил главата, откако неговата сакана останала без коса по хемотерапијата. Тој, исто така, го истетовирал ликот на Дијана на своето тело.
Нивната приказна инспирирала многумина, а на социјалните мрежи добиваат само пораки со поддршка и восхит.Сè во тој момент делувало како за успешна кариера на модел, за набрзо да пристигне страшната дијагноза.
Дијана одлучила својата боле