Жена на возраст од 90 години е првата жртва на вирусот Западен Нил во Грција годинава, соопшти Центарот за контрола и превенција на болести (КЕЛПНО), додавајќи дека таа починала од компликации предизвикани од енцефалитис.Во неделните епидемиолошки податоци објавени на својата Интернет страница, КЕЛППНО соопшти дека уште двајца пациенти се лекуваат од западнонилскиот вирус, кој го добиле од инфицирани комарци, од кои едниот развил енцефалитис и се наоѓа на интензивна нега.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, годинава со овој вирус во Грција досега се инфицирани вкупно 12 лица, од кои осум развиле сериозни симптоми како што се менингитис, енцефалитис и акутна флакцидна парализа, додека четири пациенти развиле поблаги симптоми слични на грип.
Епидемии на инфекција со вирусот Западен Нил кај луѓе и животни се забележани секоја година помеѓу 2010 и 2014 година во текот на летните месеци во различни региони во Грција. Во 2015 и 2016 не е регистриран ниту еден случај, но грчките научници постојано повторуваа дека очекуваат вирусот повторно да се појави.Во неделните епидемиолошки податоци објавени на својата Интернет страница, КЕЛППНО соопшти дека уште двајца пациенти се лекуваат од западнонилскиот