Вучиќ и Дачиќ остро реагираа на изјавите на Заев

Изјавите на Заев за српски Курир во кои тој го нарече српскиот премиер и иден претседател на Србија Александар Вучиќ националист обвинувајќи го дека предизвикува напнатост и криза во регионот предизвикаа остра реакција од српскиот државен врв. Имено вчера во две одделни изјави Ивица Дачиќ и Александар Вучиќ го осудија Заев и му порачаа дека таквите изјави ќе остават траги во билатералните односи помеѓу двете држави.Според Дачиќ, целосно е неверојатно човек кој претендира да биде новиот премиер на Македонија да дава такви неодговорни, скандалозни изјави.
– Брутално напаѓајќи го премиерот, односно новоизбраниот, убедливо избран претседател на Република Србија, кој притоа со денови и месеци повикува на мирно решавање на проблемите во Македонија немешајќи се во внатрешните работи на Македонија, говорејќи дека стабилноста во Македонија е клучна за стабилноста на целиот регион. Што е причината? Повторно се враќам на тоа дека овде ништо не е изолиран случај, видовте и денес, значи тоа е една катастрофална изјава за која сум сигурен дека ќе остави трага по нашите идни билатерални односи, но во секој случај нема нам Заев да ни бира кој ќе биде на власт, ниту пак е Македонија некоја сила која ќе ја праша некој кој ќе биде во Србија на власт, исто како што Србија никој не треба да ја праша кој во Македонија ќе биде на власт.

-Но погледнете ја снимката која пред малку ја видов тука, албанското знаме на бирото на Претседателот на Парламентот на Македонија. Па каде во светот го има тоа? Знаме на друга држава на бирото на Претседателот на Парламентот на една држава. Јас ќе ве потсетам дека Република Српска, која е ентитет по Дејтонскиот договор неможе да има исто знаме како Репубика Србија, туку го тргна двоглавиот орел и има само тробојка. По кој основ? Дали е ова Парламентот на Македонија ? Или е заеднички Парламент на Македонија и Албанија?, вели Дачиќ.
Нападите на Заев врз него ги коментираше лично и самиот Вучиќ.
-Не сум водел никаква националистичка политика, туку напротив водев политика на мир и стабилност и таква политика ќе водам и во иднина. Мислам дека тој за се што изговори многу повеќе зборуваше за себе, отколку за мене. За жал некој луѓе во регионот не разбираат што значи да се биде кандидат за Претседател на Влада или Претседател на Влада и како морате да се однесувате, зошто на своите држави им ја отежнуваат работата, но тоа веќе е нивна работа, рече Вучиќ.

Вучиќ за изјавата на Заев дека Србите му се браќа, со следниот коментар:
-Кои ни се браќа, кои ни се пријатели, ќе имаат можност граѓаните на Србија да видат за сите во регионот, веќе во септември, октомври, кога ќе биде гласањето во УНЕСКО. Тогаш е приликата да ги видиме нашите браќа кои тврдат дека ни се браќа и дека не сакаат највеќе на светот, така да јас ништо не зборувам до тогаш. На мене е да бидам многу по одговорен кон нивните земји, отколку што се тие одговорни во својот однос кон Србија.Според Дачиќ, целосно е неверојатно човек кој претендира да биде новиот премиер на Македонија да дава такви неодговорни, скандалозни изјави.

Пронајдете не на следниве мрежи: