Големите сили повторно ги одмеруваат силите на овие простори, поради што е сосема логично што ситуацијата во регионот беше тема за која најдолго разговаравме со рускиот претседател Владимир Путин за време на посетата на Москва, изјави српскиот премиер Александар Вучиќ.– Кажав дека постои опасност и силен притисок и внатре во многу земји поединечно и во регионот во целина, а исто така нема сомнение дека постои и присуство на различни надворешни фактори со различни влијанија и различни интереси, рече Вучиќ синоќа за Пинк телевизија. Во разговорот со Путин тој изразил загриженост за стабилноста во регионот.
– Србија успеа да надмине некои елементи на нестабилност. Србија до сега беше најстабилна, но тоа не е гаранција за иднината, забележа Вучиќ и додаде дека токму затоа мора да се работи многу за да се одржи безбедноста.
На прашањето што одговорил Путин на сето ова, српскиот премиер истакна дека тој го повторил усогласениот став на руското раководство и додаде дека тој став јасно бил изнесен и од рускиот министер за ндворешни работи Сергеј Лавров, пренесува Танјуг.
– Мислам дека се мошне загрижени и тоа и можам да го појаснам на начин дека колку што западните сили ја поддржуваат владата на (Зоран) Заев и албанските партии, толку ми изгледа дека рускиот претседател не е на таа страна, оцени Вучиќ.– Кажав дека постои опасност и силен притисок и внатре во многу земји поединечно и во регионот во целина, а исто така нема сомнение дека пост