Отец Харитон (Радослав Лукиќ) бил монах во манастирот Свети Архангели крај Призрен. Роден е на 21 ноември 1960 година во централна Србија, а се замонашил на Косово.Пред да се замонаши работел како професионален возач 20 години. По замонашувањето, имал послушание да им помага на старите и изнемоштени соседи на манaстирот, иако имал желба за самување.
Поминал две години како искушеник во манaстирот Црна Река, а потоа бил преместен во манaстирот Свети Архангели, каде и го примил монашкиот чин во 1998 година.
На 15 јуни 1999 година бил киндапиран на улиците на Призрен од страна на ОВК и тоа откако во Призрен влегле германските трупи на КФОР. По киндапирањето им се јавил на сон на неколку собраќа од манастирот и им кажал дека е мртов.
Неговото тело е пронајдено во 2000 година во местото Тусус. Неговата глава не е пронајдена. На телото се заблежани многу рани од нож во срцето, а ребрата и левата рака биле скршени. Биле најдени и неговата лична карта и бројаницата.
Погребан е во манастирот Свети Архангели на 11.11.2000 година.Пред да се замонаши работел како професионален возач 20 години. По замонашувањето, имал послушание да им помага на старите и изнемоштени соседи на