сабота, 28 ноември 2026
Најново

„Секое утро ѝ пеам за да се разбуди“: Мајката на Марија 7 години е во кома, а таа има само една желба за Нова година!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Седумгодишната Марија, од Дедо Мраз за Нова Година бара само едно нешто кое ќе ви го скрши срцето. Нејзината мајка, 24-годишната Даниела Ковачевиќ веќе седум години е во кома.- Кога одам во школо прво се поздравувам со мама, потоа ме носат. Ја прашувам баба дали ѝ дала лек – вели малата Марија од Србија која ја чува мајка си откако пред седум години на породувањето, паднала во будна кома и оттогаш не може да си го гледа детето.
Сиве овие години Даниела е во постела, а нејзината Марија ѝ подготвува цртеж за секој ден и ѝ пее песни. 
– Марија се грижи за мајка си како возрасна. Собра податоци која боја и музика ја сака, што сака да прави и сето тоа го прави пред неа – вели низ солзи мајката на Даниела, Весна.
Таа засега успеала само да ги помрдне рацете и нозете.
Семејството сѐ уште бара пари за скапа операција за да може повторно да се врати радоста во домот.- Кога одам во школо прво се поздравувам со мама, потоа ме носат. Ја прашувам баба дали ѝ дала лек – вели малата Марија од Србија која ја чува мајк

Поврзани вести