Ж. Радичевиќ (61) од Краљево, вчера околу 15.30 часот со ловечка пушка ја усмртил својата сопруга Зорана (67) и соседите Гордан Стевановиќ и Милој Костовиќ (52).Крвавата пресметка, според зборовите на соседите, се случила во моментот кога трактор натоварен со ѓубре минал покрај куќата на Радичевиќ кој не бил во добри односи со Стефановиќ.
На него наводно тогаш му засметало што ѓубрето паднало, па повикал комунална полиција.
– Ја видов комуналната полиција пред куќата на Зоран и тој со нив разговараше. Зоран ми одмавна со раката и јас отидов понатаму. Кога полицијата си замина, Радичевиќ ја зема ловечката пушка и почна да пука. Во тој момент со Стефановиќ беа и Милоје Костовиќ, братучедот на Зоран и Живан Чуриќ – раскажал еден од соседите.
– Сѐ се случи поради земја. Тие не беа во добри односи последните две години поради едно парче земја – додава соседот.
Откако видел што направил, Радичевиќ заминал на гробиштата и се самоубил.Крвавата пресметка, според зборовите на соседите, се случила во моментот кога трактор натоварен со ѓубре минал покрај куќата на Радичевиќ кој не би