Околу 130 мигранти, кои ноќта ја поминаа на 200 метри од српско-хрватската граница во близина на Шид, денеска се обидоа да ја пробијат барикадата поставена од полицијата и да ја преминат границата.Српската полиција ги спречи мигрантите илегално да ја поминат границата и ги предупреди дека ако преминат на хрватска територија нема да можат да се вратат во Србија, пренесува Хина.
Од другата страна од границата има распоредено хрватски полицајци кои најверојатно ќе ги спречат мигрантите да влезат во земјата.
Мигрантите од Пакистан и од Авганистан одбија да бидат сместени во прифатните центри и протестираат поради тоа што не можат да го продолжат патот кон земјите од Западна Европа.
Хрватскиот министер за внатрешни работи Влахо Орепиќ, при синоќешната посета на хрватско-српската граница, истакна дека мигрантите нема да влезат во Хрватска. Српската полиција ги спречи мигрантите илегално да ја поминат границата и ги предупреди дека ако преминат на хрватска територија нема да можат да с