-Беше страшно. Тато ја тепаше и ја гореше мама! – раскажа во полицијата ќерката на Марија Феризовиќ (21) од Калуѓерица која беше брутално претепана и мачена од страна на нејзиниот невенчан сопруг Ахмет Маринковиќ (40).Тој е уапсен по невидената тортура над несреќната жена, која ја сечел со жилет и ја жигосал со железо на главата.
Хоророт во куќата во Калуѓерица во која Марија и Ахмет со три деца живеат како потстанари, траел два дена. Осактената Марија, која по ѕверскиот напад полудениот Ахмет ја оставил сама и заклучена, собрала сила да го повика соседите да ѝ помогнат.
Кога полицијата влегла во станот, затекнала глетка од која се леди крв во вените. Жената била гола со бројни исеченици, намачкана со измет и со последните атоми од својата сила молела да и помогне.
-Ахмет прво ја тепал Марија и тоа толку жестоко, што очите и биле затворени од отоците. Меѓутоа, на насилникот тоа не му било доволно, па ја ишишал и ѝ ја избричил главата, велат од полиција и додаваат:
-Ни тоа не му било доволно на монструмот, па кутрата жена со истиот жилет ја сечел по лицето, а потоа со вжештено железо ја жигосал на чело. Уринирал по неа за да ја разбуди и ја терал да го јаде неговиот измет. Потоа ги зел децата и заминал, а неа ја заклучил.
Полицијата ја одвела несреќната жена заедно со децата до Итната служба во Калуѓерица од каде е префрлена во Ургентниот центар.
Сосед монструм
-Таа во средата наутро е пуштена од болница и потоа со мајка ѝ отишла во полициска станица да даде изјава. Изгледа ужасно, повредите ѝ се видливи по целото тело. Страшно е тоа што децата гледале како таткото се изживува врз мајката. Ниту едно од нив не смеело да писне од страв. Најстарото девојче има 5 години и зборуваше: „Тато ја тепаше и ја гореше мама“, вели извор од полицијата.
Станот во кој невенчаната двојка живеела со трите деца вчера бил заклучен, а соседите не можат да веруваат дека во Ахмет се криел таков монструм.
-Се доселија тука пред две години. Имаат две девојчиња и син. Најстарата има 5 години, синот околу две, а најмалото дете има година. Не се дружевме, но дека е таков монструм не знаевме. Несреќната жена сигурно од страв не смеела да побара помош, вели соседот.Тој е уапсен по невидената тортура над несреќната жена, која ја сечел со жилет и ја жигосал со железо на главата.
Хоророт во куќата во Калу