Австриското Министерство за одбрана предупредува дека Западен Балкан претставува подрачје за регрутација и логистичка база на џихадистите во Европа. Во извештајот за актуелната безбедносна состојба од 14 септември, аналитичарите на Министерството за одбрана прикажуваат загрижувачки слики, особено кога станува збор за Босна и Херцеговина, пренесува Танјуг.Проблемот со исламизмот на Западен Балкан се рефлектира врз основа на поврзаноста преку дијаспората, на просторот на ЕУ, се вели во извештајот. И додека во Косово по апсењето на салафистичите лидери е забележано намалување на активностите, во Босна и Херцеговина се зголемува опасноста од терористички напади, се додава во извештајот, кој го објави виенскиот весник „Хојте“.
Лицата од исламистичкиот спектар, според Министерството, формираат пред се во БиХ исламистички центри и места. Со растечкиот притисок на Исламска држава во Сирија и Ирак се зголемува и веројатноста од терористички напади од страна на симпатизерите на таа терористичка организација, како на Западен Балкан, така и во цела Европа, предупредуваат аналитичарите од австриското Министерство за одбрана. Австрија на Западен Балкан е присутна со речиси 800 војници, 325 во мисијата на ЕУФОР во БиХ и 465 во мисијата КФОР на Косово.Проблемот со исламизмот на Западен Балкан се рефлектира врз основа на поврзаноста преку дијаспората, на просторот на ЕУ, се вели во извештајот. И д