Растот на тензиите на западен Балкан претставува сериозен ризик за безбедноста на Унгарија, предупреди шефот на дипломатијата Петер Сијарто.Тој додава дека од оваа причина потребно е да се забрзаат европските интеграции на овие држави, вклучувајќи го завршувањето на пристапните преговори со Србија до 2020 год.
„Унгарија ја повикува ЕУ да преземе 2 чекори. Првиот е да ја забрза интеграцијата на земјите на Западен Балкан. Блокот мора да ги доврши пристапните преговори со србија до 2020 год.“, истакна Сијарто на Стратешкиот форум во Блед.
Тој објаснува дека заради актуелните гранични спорови, јакнењето на верскиот екстремизам и растот на заканите од тероризам во јужноисточното соседство на ЕУ, возможно е Европа наесен да ја зафати и нов бран на мигранти.
„Затоа, нестабилноста на западен Балкан претставува сериозен безбедносен ризик за Унгарија“, вели Сијарто, и додава дека ако регионот продолжи да биде нестабилен, големиот бран мигранти лесно може да се пробие и за само неколку часа да стигне до јужната граница на Унгарија.
Сијарто истакнува дека Унгарија не може сама да го запре мигрантскиот бран и дека и е потребна помошта од ЕУ, и бара ЕУ да преземе мерки.
Заради забрзување на европските интеграции, тој додава и дека Црна Гора треба да се приклучи на ЕУ веднаш по пристапувањето на НАТО, и ја повикува унијата да започне пристапни преговори со Македонија што е можно порано.
„Доколку пропуштиме да го интегрираме западен Балкан во ЕУ, тогаш централноевропскиот регион ќе биде целосно ранлив на југ“, вели Сијарто.
Другиот чекор со цел спречување на кризата е членките на ЕУ да ги поддржат земјите од западен Балкан за тие да можат да го издржат приливот на мигрантите на таа рута.
Сијарто додаде и дека Унгарија ќе продолжи да ги поддржува тие држави и нивните напори за заштита на границите, исто како што тоа го правеше и минатата година.
Унгарскиот министер истакна дека неговата држава до сега испрати над 100 полицајци во мисија на заштита на границата во Македонија, додавајќи и дека Србија исто така побарала помош од Унгарија за заштита на својата јужна граница.
„Унгарија ќе и помогне и на Србија“, вели Сијарто.Тој додава дека од оваа причина потребно е да се забрзаат европските интеграции на овие држави, вклучувајќи го завршувањето на пристапните преговор