Љубовни маки на Самуел Жбогар на Косово

Специјалниот претставник на ЕУ на Косово, Самуел Жбогар, наводно е во врска со косовската министерка за европски интеграции Влора Читаку. Голем број балкански медиуми го пренесоа ова, но тој одлучно демантира.Овој словенечки дипломат хрватската јавност добро го памети како министер за надворешни работи во владата на Борут Пахор во времето кога се решаваше спорот со границата, но воедно и јавоста се забавуваше со необичната хемија помеѓу словенечкиот премиер и Јадранка Косор.
Жбогар и Читаку наводно често се заедно, а можат да се забележат и на ручеци и вечери низ приштинските ресторани.
Наводно, Жбогар знае да сврати на вечера кај колешката којашто живее во приштинската населба Улпијана, па потоа заедно нарачуваат храна од ресторанот Пишат, пишува српски Блиц.
Неодмана, Влора и нејзиниот дваесеттина години постар колега заедно го посетија Призрен, кадешто таа не ја симнувала насмевката од лицето и успеала дури и пред камерите да го насмее инаку воздржаниот словенечки дипломат.
Влора на Твитер објавила и фотографија, под која напишала: „Јас и мојот најдобар пријател од ЕУ.“
Според пишувањата на албанскиот портал „Репортери“, таа неодамна признала дека е вљубена, но не открила во кого. Српските медиуми пишуваат дека Жбогар не би бил првиот меѓународен претставник којшто паднал на шармот на Косоварките. Поранешните шефови на УНМИК Мишел Стајнер и Бернард Кучнер, се исто така косовски зетови.
Жбогар преку својот гласноговорник ја демантираше врската со убавата косовска министерка. Како што објасни, неговиот однос со Читаку е строго професионален и се темели на работа за доброто на Косово.Овој словенечки дипломат хрватската јавност добро го памети како министер за надворешни работи во владата на Борут Пахор во времето кога се решаваш

Пронајдете не на следниве мрежи: