Две лица денеска се убиени, а две тешко повредени при напад во општа болница во Изола во Словенија, соопшти полицијата Копра.Според досегашните информации за инцидентот кој се случи околу 15 часот, убиени се еден полицаец и напаѓачот, додека друг полицаец е во критична состојба.
Деталите од инцидентот засега не се познати, но словенечките медиуми наведуваат дека напаѓачот пукал во двајца полицајци и еден лекар и дека потоа го убила полицијата.
„Јутарњи лист“ наведува дека сведок соопштил дека се слушнале истрели на пет куршуми.
Според првичните информации, напаѓачот прво пукал во чекалницата на очното одделение а болницата, а наводно прво бил застрелан лекарот-уролог. Во чекалницата настанала паника, а напаѓачот се обидел да побегне. Сведок на настанот тврди дека полицијата го застрелала напаѓачот кога влегол во своето возило во обид да побегне.Според досегашните информации за инцидентот кој се случи околу 15 часот, убиени се еден полицаец и напаѓачот, додека друг полицаец е во критична со