Грчката Национална здравствена служба (ЕСИ) е на работ на колапс, по шест години недоволно финансирање и замрзнување на вработувања, како резултат на долготрајната финансиска криза во Грција, стои во извештајот на Сегрчката федерација на вработени во јавните болници (ПОЕДИН), која за ваквата состојба ги обвинува Министерството за здравство и премиерот Алексис Ципрас.-Болниците, медицинските центри, Брзата помош, се во состојба на распаѓање, се вели во соопштението на ПОЕДИН и се додава дека премиерот и претставници на Министерството за здравство „наскоро ќе треба да одговорат за уништувањето на ЕСИ“.
Како што пренесе МИА, во извештајот се истакнува дека постои недостиг од основна медицинска опрема (дури и носила за брза помош), се посолува на случаи на затворање на оддели за интензивна нега и операциони сали, како и на недоволниот број лекари и вработени во медицински единици низ целата земја.
Во документот се посочуваат примери од неколку болници во Атина и други поголеми градови, каде поради недостиг на персонал вработените добиле само по пет дена одмор, ЦТ скенери и рентгени не работат, а една болница наскоро ќе мора и да биде затворена ако не бидат вработени ортопеди.-Болниците, медицинските центри, Брзата помош, се во состојба на распаѓање, се вели во соопштението на ПОЕДИН и се додава дека премиерот и претстав