На седницата на албанскиот парламент на која со историски консензус беа одобрени уставните промени што го отвораат патот за имплементирање на реформите во правосудството, гласаше дури и пратеникот исклучен од Социјалистичката партија, Армандо Пренга, против кого се води судска постапка поради ранување со оружје, а кој, според наводите на пратеничката Лилјана Елмази од редовите на демократите, е во домашен притвор. Реформата го доби гласот од сите 140 албански законодавци, пишува весникот „Панорама“, пренесува Дневник.Гласањето се случи еден ден откако истиот весник објави дека неколку албански пратеници примиле порака од американската амбасада.
– Почитуван господине. Ве чекаме утре во седиштето на амбасадата до 12 часот за да ве информираме за последиците што ќе ги имате ако не гласате за реформата во правосудството – стоело меѓу другото во пораката.
Без оглед на тоа што преговорите беа придружени од тешкотии во комуникацијата и од остри тонови, на крајот сe` се смири. Реформата беше изгласана пред двајцата преговарачи, амбасадорите на САД и ЕУ во Албанија, Доналд Лу и Романа Влахутин.
– САД и ЕУ беа тие што со нивниот притисок, и над границите на дипломатијата, успеаја да ги убедат албански политичари да гласаат. Повеќе од две години, нивните високи претставници не се двоумеа да појаснат дека ќе има реформи. Албанската политика покажа дека не наоѓа заеднички јазик без меѓународно влијание – пишува „Панорама“.
Весникот додава дека Лу и Влахутин во моментот кога биле изгласани промените се прегрнале, станале на нозе и аплаудирале како на финале на Европското првенство. „Панорама“ исто така наведува дека поголемиот дел од пратениците не го ни прочитале финалниот нацрт од уставните промени, сепак ги одобриле. Со новиот нацрт, кој беше предложен неколку часа пред гласањето, опозициската Демократска партија победи во битката за добивање клучна улога во процесот на именување на членови на Високиот судски совет и Високиот совет на обвинители. Сега членовите на овие две институции ќе бидат филтрирани од посебна поткомисија составена од петмина пратеници, тројца од владејачкиот, а двајца од опозицискиот табор. Овие пратеници ќе може со четири гласа да ги одобруваат листите на кандидатите за советите, а конечното гласање во парламентот ќе се прави со двотретинско мнозинство.
Kако и секоја реформа која е одобрена во албанското собрание, така и реформата во правосудството ја доби поддршката од опозицијата во последната минута, ако работата околу нејзе започна уште пред две години.
Иако реформата беше одобрена со историски консензус, при одобрувањето член по член имаше неколкумина пратеници кои не гласаа за одредени членови. Инаку, консензусот меѓу власта и опозицијата беше постигнат во последните денови пред гласањето, при што имаше големи препирања, предомислување од опозицијата, а беше потребна и интервенција од комесарот за проширување, Јоханес Хан.
Албанските медиуми го следеа одобрувањето на реформата во секој момент, а големо влијание посветија и на влијанието на амбасадорите во земјата. „Панорама“ пренесе и дека на албанските пратеници им биле испраќани пораки на телефон од страна на амбасадите, а со нив тие биле повикувани на разговор на кој би им биле објаснети последиците доколку не гласаат.Гласањето се случи еден ден откако истиот весник објави дека неколку албански пратеници примиле порака од американската амбасада.
– П