Целиот регион го потресе веста дека изминатиов викенд младо момче прво силувало, па убило тригодишно девојче во Зајечар – Србија, а познаниците на убиецот Владица Рајковиќ (28), откриле за медиумите каков бил тој кога бил помлад.– Секогаш мирен и повлечен. Се сретнувавме на родендени на заеднички пријатели и разни прослави. Не можев да поверувам кога неговата фотографија се појави во медиумите дека тој го извршил убиството. Уште и тоа убиството што го призна, останав во шок, изјавила Марија Ѓ. (28) од Зајечар.
Според неа, Владица бил повлечен, многу срамежлив и културен.
– Секогаш седеше одвоено од сите. Со години го гледав повремено, беше некако ненаметлив. Дали неколку зборови имав разменето со него, а сме генерација. Се сеќавам во една прилика ми отстапи парче торта и ми остави впечаток на културно момче, изјавила девојката.
Таа додала дека Владица никогаш не го видела со девојка, а не покажувал интерес ниту за дружење со некој од нивните врсници.
– Никогаш не сум го видела, ниту сум чула дека Владица имал девојка. Мислев дека е заради тоа што е срамежлив, но еве сега гледам дека нешто друго било во прашање. Секогаш беше сам. Навистина останав запрепастена кога дознав за тоа што го направил, завршила Марија.– Секогаш мирен и повлечен. Се сретнувавме на родендени на заеднички пријатели и разни прослави. Не можев да поверувам кога неговата фотограф