Малолетни девојчиња нудат секс со постари мажи на порно сајтови. Се работи за девојчиња од Србија, на возраст од 13 до 16 години, кои се логираат на порно сајтовите и бараат секс средби со постари мажи, а секако за возврат бараат пари.Како што дознава српскиот портал Ало, девојчињата праќаат разголени фотографии и за нив бараат во просек од 30 до 50 евра. За ова раскажува татко, чиешто дете се пожалило што прават другарките по училиште.
– Детето ми рече дека некои девојчиња на нејзината возраст имаат профили на порно сајтовите, па намерно отворив и најдов една девојка која ми звучеше како дете. Почна прилично вулгарно да ми опишува што би правеле, каков однос би имале, а кога ја прашав колку години има, без срам одговори 16. Се шокирав, а уште поголем шок следуваше кога и реков дека деца не ме интересираат, а таа ме праша што е тука страшно зошто да не се видиме – вели таткото кој останува анонимен.
За овој проблем зборува и психотерапевтот Зоран Миливојевиќ:
– Децата во време на пубертетот гледаат порно сајтови и она што тука ќе го видат мислат дека е нормален однос на маж и жена. Потоа се подготвени да го прават тоа и во реалниот живот. Социјалните мрежи и Интернетот им го овозможуваат тоа – вели тој.
Неопходно е да им се објасни на децата додека се помали дека „непознатиот и страшен чичко на улица”, постои и на интеренет, велат психолозите.Како што дознава српскиот портал Ало, девојчињата праќаат разголени фотографии и за нив бараат во просек од 30 до 50 евра. За ова раскажува татко,