Популарната турска актерка Ајча Варлиер според пишувањата на турските медиуми ја напушта Турција. Варлиер добила улога во нов холивудски проект и за таа улога ќе инкасира голема сума пари. Познатиот холивудски режисер Брајан Сингер ја поканил познатата актерка да биде дел од неговиот нов проект, а се работи за љубовна приказна која би требало да започне со снимање во септември оваа година а како можен партнер се спомнува познатиот заводник Леонардо Ди Каприо.Поради нападите на 11 септември, Ајча морала да се врати од Сад, но среќата повторно и се насмевнала и добила дозвола за неограничен престој во САД…
Режисерот се прославил со режирање на неколку продолженија на „ X-Men“. Брајан е обвинет за сексуално злоупотребување. Сингер бил обвинет од еден 30- годишен маж кој тврди дека бил намамен во вила во Енцин кога имал само 14 или 15 години за да присуствува на забава која имала лоша репутација бидејќи вклучувала сексуален однос помеѓу возрасните мажи и многу тинејџери кои биле присутни.
Оваа прекрасна актерка како што ја освои турската публика со својот шарм, нема сомнеж дека со истиот шарм ќе го стави Холивуд под нозе, но дали и нејзиниот сопруг е задоволен останува да видиме.Поради нападите на 11 септември, Ајча морала да се врати од Сад, но среќата повторно и се насмевнала и добила дозвола за неограничен престој во САД



