Фифа објави дека Шакира и бразилскиот музичар Браун пред финалниот натпревар кој ќе се одигра на стадионот Маракана во Рио Де Жанеиро ќе ја отпеат популарната песна „La la la“На церемонијата од затворањето на Светското Првенство во фудбал во Бразил, која ќе се одржи на 13 јули, ќе пее познатата колумбијска пеачка Шакира.
Шакира е мажена за репрезентативецот на Шпанија и играч на Барселона Жерард Пике поради кој, како што вели , е поврзана за фудбалот.
„Знам што значи фудбалот за многу луѓе во светот. Благодарна сум што ќе пеам на церемонијата“, рекла пеачката.
На церемонијата уште ќе учествуваат и Santana, Wyclef и Alexandre Pires, а ќе ја пеат официјалната химна на Светското првенство 2014 „Dar Um Jeito“.
Присутните ќе ги забавува и познатиот бразилски поп пеач Ivete Sangalo кој ќе пее познати бразилски песни.На церемонијата од затворањето на Светското Првенство во фудбал во Бразил, која ќе се одржи на 13 јули, ќе пее познатата колумбијска пеачка Шакира.



