Жељко Јоксимовиќ доаѓа во Скопје со 15 шлепери

Веќе три-четири години сакам да запеам на овој стадион и сега конечно тој сон ќе ми се оствари…Бина, озвучување, осветлување и друга сценска опрема за концертот на Жељко Јоксимовиќ, кој ќе се одржи на 21 јуни на стадионот „Филип Втори“, ќе биде транспортирана со дури 15 шлепери од Белград. Дополнителни 12 возила се резервирани за бендот, пратечките вокали и техничкиот тим и луѓе од продукцијата.
– Опремата на стадионот ќе се поставува пет дена. Предниот дел на бината, тежок 40 тони, ќе биде долг 34 метри, а за поврзување на комплетниот систем ќе бидат употребени дури 60 километри кабли- вели организаторот на концертот и додава дека е предвидено настапот на српската ѕвезда да трае 3 часа.

 
За безбедност на посетителите ќе се грижат 250 луѓе и засега е само познато дека гостин ќе му биде Даниел Кајмакоски, со кого Жељко веќе го сними дуетот „Скопје-Белград“. Повикани се 70 јавни личности- пеачи, актери, спротисти и политичари од Скопје, Белград, Подгорица, Загреб, Сараево и Атина.  
– Веќе три-четири години сакам да запеам на овој стадион и сега конечно тој сон ќе ми се оствари, рекол Јоксимовиќ, кој доаѓа со семејството, ќерката Мина, сопругата Јована, но и двомесечниот син Коста. Организаторите очекуваат дека таа вечер на стадионот ќе има 50.000 посетители.Бина, озвучување, осветлување и друга сценска опрема за концертот на Жељко Јоксимовиќ, кој ќе се одржи на 21 јуни на стадионот „Филип Втори&l

Пронајдете не на следниве мрежи: