Необична двојка: Анџелина Џоли и Вилијам Хаг

Актерката Анџелина Џоли и британскиот секретар за надворешни работи Вилијам Хаг, во интервјуто за CNN изјавија дека не им пречи етикетата „необична двојка“ за интернационалните врски.„Навистина напредуваме!“, вели Хаг.
„Што и да е, помага!“, додава Џоли.
Тие двајцата ги здружија силите во борбата против сексуалното насилство и присуствуваа на четиридневниот самит кој неодамна се одржа во Лондон за да се дискутира какви мерки би требало да се преземат на оваа тема.
„Анџелина го прави она што светските влади не би можеле да го направат“, вели Хаг. „Потребна ви е огромна влада за да се започне еден ваков проект. Со таа дипломатска мрежа и со нашиот буџет за развој, ние ја имаме моќта да направиме вистински промени со присуството на овој самит“.
„Но, исто така, треба да се допре до луѓето кои обично не ги интересира тоа што владите имаат да го кажат. Затоа постојат луѓе кои забележуваат што Анџелина има да каже“, заклучува Хаг.

 

Кога се зборува за настани како што е Глобалниот самит и ООН, понекогаш е полесно да се начнат комплицираните теми за конфликтите и еднаквоста на половите.
„Јас сум многу, многу отворена со моите деца“, вели Џоли и додава „Некои од моите деца се од земји кои се во конфликт една со друга; мојот син е од Камбоџа, а другиот е од Виетнам. Така, ние имаме за многу работи да зборуваме дома. Мојате ќерка е од Африка и со неа зборуваме за човековите права“.
Во понатамошното нејзино раскажување, Џоли додаде можеби САД во блиска иднина би можеле да имаат и женски претседател, што би претставувало голема промена во борбата за еднаквоста на половите и додаде дека Хилари Клинтон би била идеална за таа позиција.
Навраќајќи се на темата за сексуалното насислтво, Џоли додаде дека секој би требало барем на најмал можен начин да му се спротистави на таквиот начин за решавање на работите и го најави следниот проект: напади кои се направени врз жените коишто служат во американската војска.
„Кога животите на луѓето коишто живеат за да ги заштитат другите се загрозени, тоа е илјада пати полошо“, рече Џоли. „Тоа не е само криминал, туку поставува и пример ширум светот дека е во ред да се прави такво нешто“, заврши таа.„Навистина напредуваме!“, вели Хаг.
„Што и да е, помага!“, додава Џоли.
Тие двајцата ги здружија силите во

Пронајдете не на следниве мрежи: