Продолжение од анализата на најновиот филм со Том Круз и тоа како е се помалку атрактивен за водечките улоги во филмовите.Ако го изоставиме неговото враќање во „Невозможна мисија – духовен протокол“, заработката на Том Круз од филмовите од 2000 година па наваму е значително опадната.
Круз настојува да започне некакви серијали, како на пример „Џек Ричер“, но изгледа не забележува дека Холивуд повеќе обрнува внимание на готовите, препознатливи приказни за супер хероите на компанијата „Марвел“.
Големината на ѕвездите денес е многу помалку важна во Холивуд од кога било, но Курзи и покрај тоа се фолкусира на правење и учествување во блокбастери, отколку самиот да си го подобри карактерниот профил со учество во помали филмови.
Сепак, Круз не е единствената ѕвезда на 90-тите која бележи пад. На пример, Харисон Форд, или попознат на публиката по улогата на Индијана Џонс, денес толкува споредни улоги во филмовите.
Можеби Том Круз треба да се огледа повеќе на Бред Пит, кој бележи успеси и во главни, но и во споредни улоги. Круз само еднаш се обиде да игра споредна улога во филмот „Тропска Бура“, и тоа му е запаметено како една од најлошите изведби во кариерата.
По овој неуспех, Круз се обиде да направи „кам бек“ во филмовите „Валкирија“ и „Мрачен Витез и Ден (Knight and Day)“, но за жал, и тие потфрлија со заработката.Ако го изоставиме неговото враќање во „Невозможна мисија – духовен протокол“, заработката на Том Круз од филмовите од 2000 година



