Штипјанецот Јоце Панов ќе го отвори претстојниот Макфест 2014

Откако освои 15 интернационални награди на најреномираните фестивали во регионот, пејачот Јоце Панов по цели 6 години пауза со песна од Бане Опачиќ се враќа на македонски фестивал и ќе настапи под реден број 01 во првата полуфинална вечер.Песната со која Јоце ќе настапи на 5 јуни пред своите сограѓани во родениот Штип го носи насловот „Само немој да молчиш“, а како автори на песната се потпишуваат Бане Опачиќ (музика), Владо Јаневски (текст) и Слоба Марковиќ (аранжман).
– Решив после долги 6 години да запеам на македонски фестивал, прво затоа што е во мојот роден град Штип, да си ги поздравам моите сограѓани со уште една песна, а како второ бидејќи сакам фестивали каде се е во живо. Овие 5 години собрав 15 интернационални награди од целиот свет, но ми фали Макфест во мојата полица од награди.
Песната „Само немој да молчиш“ е специјално компонирана од Бане Опачиќ за да ја претставува Србија на светски фестивал, но по многу збиднувања Јоце имаше среќа да ја добие за да ја пее на претстојниот Макфест.
Доколку сакате да му ја дадете вашата поддршка на Јоце Панов во времето предвидено за гласање ќе треба да испратите порака со текст 01 на 141 730. Цената на пораките изнесува 10 денари плус ДДВ, а сите собрани средства од СМС пораките ќе бидат донирани за жртвите од поплавените подрачја во Србија и БиХ.Песната со која Јоце ќе настапи на 5 јуни пред своите сограѓани во родениот Штип го носи насловот „Само немој да молчиш“, а како автори

Пронајдете не на следниве мрежи: