Толку бил вон контрола, што тренерите на лисабонскиот Спортинг беа загрижени дека Роналдо има сериозни психички проблеми.Кристијано Роналдо е фудбалер кој го обележа модерниот фудбал. Тој официјално е најдобриот фудбалер на светот. Кристијано ја искористи малку полошата сезона на Меси, за конечно да излезе од неговата сенка и сите светла да бидат вперени кон него.
Но, тежок и долг беше патот до славата. За сето тоа пишува во книгата „CR7 – Тајните на машината“, која сигурно ќе се продава како луда. Автори се Луис Мигуел Переира и Хуан Игнасио Гаљардо.
Најдобриот играч на Реал Мадрид лесно можеше да ја уништи својата кариера, уште пред да започне. Како тинејџер се тепал со крадци, не одел во училиште поради бандата, а крадел намирници од соиграчите и чистачките од тренинг-центарот на Спортинг.
На петнаесетгодишниот Роналдо му беше потребна психолошка помош
Во книгата е опишан еден од најголемите инциденти од неговите тинејџерски денови. Конкретно, на 21 јануари во 2001 година, петнаесетгодишниот Роналдо бил во Лисабон во трговскиот центар со тројца соиграчи (Фабио Фереира, Хелдер Кабрал, Хосе Семедо). При враќањето накај дома, биле пресретнати од група крадци, кои биле вооружени со ножеви.
Фереира и Кабрал веднаш избегаа, а Роналдо и Семедо стоеле и одбиле да ги предадат вредните работи. Роналдо се вратил во тренинг-центарот на Спортинг, со исеченици и модрици по себе – но, со сите свои работи.
„Отсекогаш беше храбар и бестрашен. На теренот секогаш имаше навика да трча директно кон противникот, но и надвор од теренот имаше ист став“, раскажува тренерот на Роналдо од јуниорските денови, Луис Мартинс.
„Роналдо се тушираше со спуштена глава. Плачеше и зборуваше дека сака да се врати на Мадеира. Му реков да се смири, да не размислува за тоа што се случило и да оди на спиење“, додаде Мартинс.
Роналдо не беше казнет поради овој настан. Тој ја изгради својата кариера во Спортинг, пред да заигра во Премиер лигата во Манчестер Јунајтед, а потоа за рекордна сума од 90 милиони евра премина во Реал Мадрид (2009 година).
Не одел на училиште поради мафијата, но тренингот никогаш не го пропуштал
Книгата открива дека Роналдо забушавал во училиште, дека локалните банди го бркале, но дека сепак се појавувал на секој тренинг.
Во интерната документација на Спортинг имаше доста податоци за недисциплината на Роналдо.
„Кристијано Роналдо украде леден чај од соиграч и два јогурта од чистачката Дона Емелија. Истиот ден без надзор ја украде ужината на Рио Лопез“, се наведува во интерната книга на Спортинг.
А зошто го направил тоа? Бидејќи знаел дека таа храна е здрава, се истакнува во книгата.
„Кога станува збор за училиштето, играчот законски ги искористил дозволените 50% отсуство од часовите по португалски јазик, историја, математика, физика, хемија, англиски јазик, наука, уметност, физичко и техничко. Играчот се плаши да се појави во училиште поради конфликти со банда. Сепак, во училиштето се појави неколку пати кога играше фудбал, но не присуствуваше на другите часови“, пишуваа тренерите на Спортинг.
Мартинс во ноември, 2000 година, изрази грижа поради однесувањето на Роналдо.
„Ова момче очигледно има проблеми со емоционалната стабилност и често губи контрола над своето однесување. Со оглед на тоа дека и понатаму е незрела и неоформена личност, убедени сме дека овој играч заслужува психолошка помош“.
До доцна во ноќта заглавувал во теретана
Минатата недела покажа моќни стомачни кога го прославуваше голот во финалето на Лигата на шампионите. Пред 13 години, Роналдо бил само слаб тинејџер.
„Додека останатите играчи се искрадуваа за да излезат надвор, Роналдо остануваше во теретаната да прави стомачни. Тој тренираше толку внимателно, што никој не го слушаше удирањето на теговите. Сепак, му објаснив на Роналдо дека не смее повеќе да го прави тоа, бидејќи ќе биде лошо за неговото тело и здравје“, додаде Мартинс.
По овие неколку откриени детали, не постои сомнеж дека љубителите на фудбалот ширум светот ќе побрзаат да ги откријат останатите „тајни на машината“.
Кристијано Роналдо е фудбалер кој го обележа модерниот фудбал. Тој официјално е најдобриот фудбалер на светот. Кристијано ја искористи малку полоша



