„Чевлите прозбореа“: Хрватска е најновата мета на Сорос!

Сојузот на независните синдикати во Хрватска, организираше протести во Зрињевац наречена „Кажи им го тоа на чевлите“, со кој сакаа да се привлече внимание на емиграцијата на работно способните граѓани на Хрватска.Во последната деценија од Хрватска заминале повеќе од 110.000 луѓе. Само од почетокот на кризата од 2009 година, повеќе од 80.000 луѓе заминале надвор од земјата. Речиси 40 проценти заминатите гледаат на Германија како на ветена земја. Во последните пет години, бројот на вработени Хрвати во Германија е зголемен за 45,8 отсто.
„Спротивно на популарното верување, невработеноста не е главна, туку трета причина за напуштање на Хрватска. На прво место е платата (80 отсто) и подобрите услови за работа (31 отсто)“ – изјавија од Сојузот на самојстојни синдикати на Хрватска.
„Сувопарните бројки кријат приказни условени од социјална негрижа, небалансирана политичка класа и дел од работодавачите кои развојот на Хрватска го базираат на евтина работна сила, а не на развојот на иновациите, науката, образованието и креативноста на поединецот. Хрватска прави големи чекори да стане општество на сиромаштија и нееднаквост што секако не е пожелно, ниту ги стимулира младите да останат, живеат и работат во земјата. Заминуваат младите луѓе, но исто така и другите возрасни групи, кои се образовани и квалификувани. За жал, најверојатно, никогаш нема да се вратат, а владата со `реформите` широко им ја отвора вратата да заминат“ – предупредија тие.
Од влезот на Хрватска во ЕУ, се зголемија инвестициите во таа земја, а имињата на „дежурните“ инвеститори се поврзуваат со Ротшилд и Рокфелер. Во надзорните одбори на некои од најголемите хрватски компании се спомнуваат овие имиња, во нафтената компанија „Ина“ свој удел има Џорџ Сорос, која е поврзана со унгарски „Моло“ (кадешто тој е наведен како инвеститор).
Сорос преку Хелсиншкиот комитет, Отвореното општество и Реком Сорос, сѐ повеќе работи на интеграцијата на одредени народи на одредени простори. Во Хрватска работи на создавање на „проблем“ со одлив на мзооци од земјата и зајакнување на малцинските групи, на Црна Гора и Косово преку разни групи сака да го ослабне српскиот статус, додека во Македонија работи со слични инструменти за критика на работата на владата и институциите.
Уличните свиркачи и демонстранти наголемо го дестабилизираат Балканот, додека нивниот главен спонзор го инвестира капиталот за обликување на јавното мислење, пропаганда и новинарски наслови.
Само во последните пет години е зголемен бројот на прозападни телевизии и портали на овие простори, преку кои се пласираат информации чиј карактер е да се опише животот на балканските земји како неподнослив, со слаба политика и економија и недемократски услови.
И додека се „зголемува бројот“ на луѓето коишто се во потрага по подобар живот, реципроцитетно се купуваат домашни компании по Балканот и добро познатите главни играчи на светската сцена сѐ повеќе го зголемуваат влијанието благодарение на вештачки креирани кризи и воспоставување на свои послушници во земјите кои ќе одлучат да се спротивстават на нивните планови.Во последната деценија од Хрватска заминале повеќе од 110.000 луѓе. Само од почетокот на кризата од 2009 година, повеќе од 80.000 луѓе заминале над

Пронајдете не на следниве мрежи: