Прванов: Мигрантите се сериозна закана за Македонија

Во последните 10-15 години, Македонија е држава која „живее“ врз основа на надворешна помош, изјави проф. Антон Прванов, професор по балканистика во УНСС, во етерот на Bloomberg TV Bulgaria.Ако споредиме со околните држави, Македонија е подобро поставена спрема Бугарија и Албанија. Стандардот на живот во земјата е сѐ уште низок.
Економијата е еднострано развиена – претежно опстојуваат дејностите како што се туризмот и земјоделството, коментира тој.
Странските инвестиции во земјата се главно од Грција и Германија, но и Турција, посочи проф. Прванов. Македонија е нето искористувач на средства кои доаѓаат претежно по линија на европските програми и заеми од водечките институции.
Според него, причината за лошата ситуација во Македонија се настаните на јужната граница со Грција.
„Ако бараме надворешна причина, тоа е заканата што доаѓа од огромниот миграциски бран. Најголема закана за Македонија се мигрантите“ – рече тој.
Според професорот, мала е веројатноста да се одржат парламентарни избори на 5 јуни поради кризата со која се соочува земјата, пред сѐ поради надворешни, но и внатрешни фактори (осврнувајќи се на протестите).Ако споредиме со околните држави, Македонија е подобро поставена спрема Бугарија и Албанија. Стандардот на живот во земјата е сѐ уште низок.

Пронајдете не на следниве мрежи: