Претседателката Колинда им порача на дипломатите да не се мешаат во медиумите

Хрватската претседателка Колинда Грабар – Китаровиќ во саботата во Братислава го коментираше состанокот на амбасадорите на ЕУ и САД кој се одржа во Загреб во четвртокот, на кој се разговарало за слободата на медиумите во Хрватска, велејќи дека, во принцип, амбасадорите “не може и не смее да се мешаат во внатрешните работи на земјата “.Австрискиот амбасадор во Хрватска, Andreas Wiedenhoff пред два дена објави на Твитер дека “тукушто имал многу интересна средба со колеги и пријатели од слободата на печатот. Клучниот приоритет на нашата надворешна политика”.
„Тоа би ми било многу чудно бидејќи амбасадорите не може и не смее да се мешаат во внатрешните работи на земјата“, рече Грабар пред хрватските новинари во Братислава каде учествува на глобалниот форум за сигурност.
На австрискиот амбасадор на социјалните мрежи му одговорија повеќе амбасадори на САД, Норвешка, Германија, Велика Британија и Холандија, со што го потврдија нивното учество на состанокот.
“Корисни разговори денес со другите амбасадори во Хрватска за слободата на медиумите”, напиша американскиот амбасадор Јулиета Валс Нојс.
“Слободата на медиумите е од суштинско значење во секоја демократија. Тоа е она за што ние разговаравме  и она што ние ќе продолжиме да го промовираме”, изјавија на Твитер од Холандската амбасада.Австрискиот амбасадор во Хрватска, Andreas Wiedenhoff пред два дена објави на Твитер дека “тукушто имал многу интересна средба со колеги и пријател

Пронајдете не на следниве мрежи: