Малечката Ема завршила ПОД КАМИОН: Ја влечел неколку метри, но се случи чудо!

Во страшниот „Пат на Смртта” како што го нарекуваат во Хрватска, за чудо преживеа седумгодишно детенце кое доживеа страшна сообраќајна несреќа.Како што пренесуваат хрватските медиуми, 7-годишната Ема преживеала откако камион удрил во неа и буквално ја влечел на улица 40 метри.
Оваа шокантна приказна е раскажана од семејството на детето за камерите на Проверено, а дефинитивно ќе ве остави во шок.
– Недај Боже ниеден родител да го доживее овој страв и неизвесност. Детето е во критична состојба. Тешко ми е да зборувам за тоа, навистина е тешко. Сешто ми поминува низ главата. Лекарите се во шок што Ема е жива, вели нејзиниот татко, Зоран Бахтајревиќ.
Седумгодишната Ема во петокот со другарчињата од училиште си одела дома. Кога преминувале улица, Ема само исчезнала. Завршила под тркалата на камион кој ја влечел 40-на метри. Возачот не ни забележал што направил. Кога застанал, Ема се одбила и паднала на земјата. 
Кога случајните минувачи виделе што се случува веднаш повикале помош. 
Детето сега се бори за живот.

Пронајдете не на следниве мрежи: