Технички пропусти во евровизиското гласање: Македонија без телевоутинг, Грузија без жири

И оваа Евровизија како и секоја друга помина со технички пропусти во гласањето. Сепак, овие пропусти немаше да го сменат конечниот исход од гласањето и да крунисаат друг победник освен австријката Кончита Вурст.Според објавените резултати од гласањето на официјалната веб страница на Евровизија, во првото полуфинале Албанија, Молдавија, Сан Марино и Црна Гора не ги употребиле гласовите од телефонското гласање поради нодоволниот број на повици и СМС пораки, па нивните конечни поени ги дало само стручното жири.
Истиов проблем во второто полуфинале го имале Грузија и Македонија, каде членови на стручното жири биле Миланка Рашиќ, Валентино Скендеровски, Иван Бечковиќ, Роберт Билбилов и Маја Трпчановска – Маркова.
За разлика од полуфиналето, Македонија примила доволно повици и пораки за формирање поени од телефонското гласање во финалето, додека пак Албанија и Сан марино имале незадоволителни бројки на пораки и повици и во финалето, па повторно се потпреле само на стручното жири.

 
Грузија пак се соочувала со друг проблем во финалето. Наводно, индивидуалните гласови на жири комисијата во Грузија биле од поен до поен исти, па поради силни сомневања за купени гласови, ЕБУ решила од Грузија да го искористи само телефонското гласање за формирањето на поените во финалната вечер.
Освен Албанија, Сан Марино и грузија, сите останати 34 земји во финалето немале проблеми околу гласањето и ги формирале своите гласови според прописите на ЕБУ. Победничката Кончита Вурст доби 12-ки од дури 13 земји, додека Ерменија, Полска, Белорусија и Сан Марино не и доделија ниту еден поен.
Според објавените резултати од гласањето на официјалната веб страница на Евровизија, во првото полуфинале Албанија, Молдавија, Сан

Пронајдете не на следниве мрежи: