На 08.04.2014. во Универзална сала во 20.30 часот, ќе се одржи прв голем солистички концерт во Македонија на хрватската поп дива НИНА БАДРИЌ со незабравните: „Такви као ти“, „Нек ти буде као мени“, „Знам те ја“, „Чежња“ и многу други.Специјален гостин извонредниот Даниел Дан и многу други изненадувања.
Дојдете на спектакуларен концерт со еден од најдобрите вокали и уметници од Хрватска.
Нина Бадриќ е хрватска поп пејачка која повеќе пати е наградувана со престижната награда Порин. Една од најпочитуваните и најтрофејни изведувачи чија популарност се прошири и надвор од границите на Хрватска.
Нина Бадриќ со музиката почнува на свои девет години пеејќи во детскиот хор “Ѕвезди”, со кого одеше по светот, сними неколку албуми и стекнува големо искуство во хорско и госпел пеење.
Својот прв деби албум „Нестварне године“Нина Бадриќ го објавува во 1995 година со издавачката куќа Кроација Рекордс, ама поголем успех доаѓа по дуетот со Емилија Кокиќ и песната „Ја сам влак“.
Во 2002 година во Босна и Херцеговина, Нина Бадриќ е прогласена за најдобар странски изведувач на музичките награди Оскар.
Досега Нина Бадриќ четири пати се натпреваруваше во избор на песна за Евровизија, хрватската манифестација Дора.Специјален гостин извонредниот Даниел Дан и многу други изненадувања.
Дојдете на спектакуларен концерт со еден од најдобрите вокали и уметн