ПЛАТА ЗА КОЈА СЕ ЗБОРУВА: Работел 24 дена, по 10 часа дневно и газдата му исплатил…

Приказната од Тешањ што ја објави порталот „Јелахба.инфо“, одлично ја илустрира ситуацијата во која денес се наоѓаат голем број работници.Имено, во порталот се јавил вработен во една фабрика (идентитетот на мажот и името на фабриката ѝ се познати на редакцијата) со фотографија од лист хартија на кој е напишана пресметката за плата за изминатиот месец.
„Ве молам, анонимно. Ете, тоа ви е платата за која 24 дена од 07 до 17 часот се работи во ….. и плус што од сето тоа се одбива од платата, бидејќи фирмата нема `РЕАЛИЗАЦИЈА`. Срамно!“ – стои во пораката.
Како што се гледа од листот хартија, платата изнесува 237 конвертибилни марки (околу 120 евра). За превоз е додадена 31 марка, но дојде до намалување од 27 марки – и вкупно се доаѓа до износ од 241 марка што му е исплатен на работникот.
Имено, во порталот се јавил вработен во една фабрика (идентитетот на мажот и името на фабриката ѝ се познати на редакцијата) со фотографија од лист

Пронајдете не на следниве мрежи: