Пред да се самоубие, покрај телевизорот му оставила порака на синот: Побарај ме…

Вчера во реката Криваја во местото Ќуништа кај Олово, беше пронајдено безживотното тело на 57-годишната Семка Х. од селото Вукотиќи. Оваа жена изврши самоубиство, а нејзиното тело околу 13.35 часот беше извлечено од реката.Семејството, соседите и пријателите имаат само пофални зборови за Семка.
Нејзиниот сопруг загинал во 1993 година, а Семка по неговата смрт останала сама со трите деца, синот Суад и ќерките Мирела и Амина. Пред две години имала мозочен удар по кој никогаш во целост не закрепнала.
„Семка поголем дел од времето престојуваше во Сараево кај синот и снаата, доаѓаше секој викенд во летниот период. По смртта на сопругот се бореше и снаоѓаше за живот и покрај наследената пензија. Пред две години, 30 дена беше во Сараево во болница поради мозочен удар. Се чувствуваше добро додека беше под терапија, но беше чудна“ – изјавил за „Дневни аваз“ зетот на Семка, Едиб Џамкиќ.
Имено, таа се однесувала вообичаено пред самоубиството и на никаков начин не предизвикувала сомнеж дека би можело да дојде до трагедија.
„Пред да излезе од дома, покрај телевизорот остави плик во кој пишуваше:`Побарај ме кад Кријава`. Штом ја здогледа пораката, Суад тргна да ја бара. Го знаете остатокот од приказната“ – изјавил Едиб.Семејството, соседите и пријателите имаат само пофални зборови за Семка.
Нејзиниот сопруг загинал во 1993 година, а Семка по неговата смрт

Пронајдете не на следниве мрежи: