„Ми беше жал за тоа што испадна проблем околу гласањето. Наместо мојот вистински реден број, стоеше некој друг, па моите роднини, пријатели гласаа за погрешен кандидат, но што е тука е.“Маид Хеќимовиќ, кој освои трето место на регионалниот „Х Фактор“, беше оштетен на финалето, бидејќи пред неговото име не стоеше неговиот вистински реден број за кој требаше да гласа публиката.
Тој сепак е задоволен од освоеното место и за победата на Даниел вели:
– Со Даниел го прославивме нашиот успех во едно мало кафуле. Тој ми рече дека сите сме победници и да не бидам тажен. Она што ми беше посебно драго, е тоа што ми рече дека е горд на мене, дека имал среќа што ме запознал и дека не е важно кој е прв, а кој трет во натпреварувањето како што бевме ние, сподели Маид.
„Ми беше жал за тоа што испадна проблем околу гласањето. Наместо мојот вистински реден број, стоеше некој друг, па моите роднини, пријатели гласаа за погрешен кандидат, но што е тука е.“
Говорејќи за поддршката од најблиските тој истакна:
Татко ми седеше на трибините и силно навиваше за мене. Кога бев елиминиран, не знам како но стигна во првиот ред. Успеа да ме бакне и прегрне и тоа многу ми значеше. Девојката пак, сега е покрај мене, таа е презадоволна, но криво им е поради гласањето.
Но Маид е позитивец и не им дозволува да мислат на лоши работи. Маид Хеќимовиќ, кој освои трето место на регионалниот „Х Фактор“, беше оштетен на финалето, бидејќи пред неговото име не стоеше неговио