Талентираниот пејач, според неофицијални информации во сите претходни „лајвови“ имал далеку најголем број на гласови од публиката во Македонија и Србија, што го прави голем фаворит за победа во ова популарно натпреварување. Во пресрет на суперфиналето на „X фактор“, кое е закажано за 23ти Март во „Комбанк арена“ на големо се зборува за тоа кој ќе победи во ова популарно натпреварување. Иако фановите веќе имаат свои фаворити, наводно, најголеми шанси за победа има Даниел Кајмакоски.
Како што неофицијално дознаваме, овој талентиран пејач од Струга во сите претходни „лајвови“ имал далеку најголем број на гласови од публиката, како од родната Македонија, така и од Србија. Ако продолжи со овој тренд, Даниел ќе победи на „X фактор“ и ќе биде вистинско чудо да се случи тој да не победи на ова пеачко шоу.
Даниел, исто така, можеби го има најголемото медиумско внимание од сите суперфиналисти. Кајмакоски се појавува во бројни џинглови, емисии, а весниците и порталите речиси секојдневно пишуваат за него. Буквално го следат секој негов чекор, како што беше неговата посета во Скопје, каде што беше пречекан со возбуда од страна на многу фанови.
Дека Даниел е фаворит, се свесни и другите суперфиналисти, кои сметаат дека талентираниот Македонец има најголеми шанси за победа. Сепак, иако многумина го гледаат како победник на „X фактор“, Кајмакоски на утринската програма на „Пинк“ телевизија и рече дека и неговите останати колеги имаат шанса да победат.
Погледнете го гостувањето на Даниел Кајмакоски на телевизија „Пинк“.
Во пресрет на суперфиналето на „X фактор“, кое е закажано за 23ти Март во „Комбанк арена“ на големо се зборува за тоа кој ќ
Пронајдете не на следниве мрежи:



