Фотографирајте се и поддржете го Даниел Кајмакоски!

Гласајте за  Даниел Кајмакоски! Ова е иницијативата која ја започнаа неговите фанови и се обратија до нашата редакција која со задоволство ја прифати нивната покана за поддршка.Имено станува збор за иницијатива во која се вклучени луѓе од сите земји на Балканот, па и пошироко. Целта на акцијата е да се поттикнат луѓето да гласаат за нашиот единствен кандидат, а воедно и еден од фаворитите за победа.
Се што треба да направите е да се фотографирате со пораката (која ќе ја најдете подолу) и фотографијата да ја постирате на социјалните мрежи (facebook, instagram, twitter) според упатствата кои се дадени подолу.

Иницијативата за поддршка и собирање на фотографии од фанови и поддржувачи трае до сабота (22.03.2014) 20.00 часот.

До сега се собрани над 100 фотографии и се надеваме дека Даниел ќе ја добие и Вашата поддршка.

Причина зошто да земете учество во он лајн поддршката за Даниел Кајмакоски:
Бидејќи на Даниел му требаат гласови повеќе од било кога и затоа што сите сакаме тој да победи. Луѓето гласаат, но сакаме да ги охрабриме тие што не гласале да гласаат, тие кои што гласаат да гласаат повеќе и неутралните да ги придобиеме на негова страна.
Не чини многу пари, само ќе одземе малку време и организираност.
Како би ја правеле он лајн промоцијата?
Едноставно – веќе имаме смислено слоган заедно. Тој слоган го печатиме (во боја) на лист хартија и се фотографираме со негов.
Откако ќе завршиме со фотографирање, фотографијата ја споделуваме на фејсбук, твитер, инстаграм со хаштаг #xfactoradria и #kajmakoski.
Фотографиите ќе се користат за да се направи една групна со сите фотографии на неа.
Со почит,
Daniel Kajmakoski FansИмено станува збор за иницијатива во која се вклучени луѓе од сите земји на Балканот, па и пошироко. Целта на акцијата е да се поттикнат луѓето да

Пронајдете не на следниве мрежи: