ДАЛИ ХАШИМ ТАЧИ ЌЕ ЗАМИНЕ ВО ХАГ?

Тачи, деновиве изјави дека нема што да крие, но според „Фигаро“ работите може да бидат ископликувани, бидејќи многу од сведоците би можеле да бидат поранешни припадници на ОВК.Специјалниот суд суд за воени злосторства извршени од поранешната ОВК, би можел да покрене обвинение против новоизбраниот претседател на Косово, Хашим Тачи, поради малтретирање на затвореници Срби и Роми – пишува парискиот весник „Фигаро“.
– Хашим Тачи, кого на 26 февруари Парламентот на Косово го избра за претседател, би можел да биде меѓу обвинетите од Специјалниот суд во Хаг за кривични дела извршени од страна на косовските Албанци, чиј командантат беше тој, познат под псевдонимот „Змија“ – информира весникот, додавајќи:
„Името на Хашим Тачи, кој претседателската функција треба да ја преземе во април, се наоѓа и во извештајот на Советот на Европа од 2010 година подготвен од швајцарскиот парламентарец Дик Марти“.
– Тој верува дека Тачи раководел со трговијата со органи на 500 затвореници Срби и Роми, што ја вршеле Албанци. Според сведочењата кои ги прибрал Марти, затворениците биле транспортирани во соседната држава Албанија, каде биле егзекутирани и органите им биле продавани во странски клиники – пишува „Фигаро“.
Тачи, деновиве изјави дека нема што да крие, но според „Фигаро“ работите може да бидат ископликувани, бидејќи многу од сведоците би можеле да бидат поранешни припадници на ОВК.
-Како сведок може да биде повикан и Бернар Кушнер, кој како специјален претставник на генералниот секретар на ОН во Косово од 1999 до 2000, постојано беше обвинуван дека ги „затвора очите“ кога станува збор за извршените злосторства од страна на ОВК – тврди францускиот весник.Специјалниот суд суд за воени злосторства извршени од поранешната ОВК, би можел да покрене обвинение против новоизбраниот претседател на Косово, Ха

Пронајдете не на следниве мрежи: